“На Гатузо ништо не му е гадно. Изеде гол полжав за 5.000 евра”

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, како играч важеше за бескомпромисен борец и за тотален лyдak.

Дали во меѓувреме се промени? За тоа треба да ги прашате сегашните играчи на Милан.

А каков бил Рино Гатузо додека играл, сведочи и неговиот некогашен соиграч Џанлука Замброта во интервју за “beIN Sports”.

“Врнеше силен дожд, во “Миланело” се беше влажно, а полжавите започнаа да излегуваат на сите страни. Каха Каладѕе (кој во моментов е градоначалник на главниот град на Грузија) се сврти кон Гатузо и му рече: “Ќе ти дадам 5.000 евра ако изедеш полжав”. Рино кратко се замисли, праша: “5.000?”, а потоа зеде полжав и го проголта”, раскажа Замброта, кој во Милан играше од 2008 до 2012 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.