Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг синоќа допатува во дводневна посета на Скопје. Пречекан беше од министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска.
Денес во Скопје тој има средби со државниот врв, а низ градот се превезува со „Мерцедесот“ кој СДСМ ветуваше дека ќе го продаде и ќе купи амбулантни возила.
За овој Мерцедес, набавен од Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, постапка покрена СЈО, каде токму екс-премиерот одговараше на суд.
Осуден на две години затвор за случајот „Тенк“, односно набавката на луксузниот владин „Мерцедес“.
За време на “бомбите“, во текот на предизборната кампања и многу потоа, СДСМ го користеше „Мерцедесот“ како симбол за наводен криминал. Но, сега, не им смета да го возат Столтенберг во “скандалозниот Мерцедес“, за кој на јавноста и ги замачкуваа очите дека ќе биде продаден.
Извор: kurir.mk