На бугарскиот европратеник му пречи и “11 Oктомври”: “Што му требаше на Заев оваа антибугарска провокација?”

Бугарскиот европратеник од редовите на партијата на Борисов и еден од највлијателните политичари во соседна Бугарија, Андреј Ковачев смета дека и празнувањето на 11 октомври е антибугарска провокација.

-Зошто на Заев му треба оваа антибугарска провокација сега???
Србин уби Бугарин, татко на три деца и роднина на Дамјан Груев. Ова се нарекува „народно востание“ и се слави секоја година! Лагите и антибугарската идеологија немаат место во ЕУ!, пишува во својата Фејсбук објава Ковачев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.