На 40-години е тренер-играч и синоќа му покажа на Скопје дека се’ уште знае како треба: Прилепчани се радуваа на нов триумф

Екипата на РК Прилеп забележа нов триумф, откако синоќа на домашен терен со 19:18 го победи Скопје, кој е предводен од прилепскиот стратег Горан Кузманоски-Таста.

Во натпревар кој се играше гол за гол и беше речиси изедначено во сите 60 минути, прилепчани разликата ја направија во самиот финиш кога заводија со 2 гола разлика, 19-17, па Скопје имаше сила само за уште еден погодок до крајот.

Најзаслужен за овој триумф е играчот-тренер на прилепчани, Реваз Чантурија, кој на 40-годишна возраст постигна 6 погодоци.

РК Прилеп сега со по 20 освоени бода со Куманово, се наоѓаат на делба на второто место на табелата од плеј-аут сегментот на Супер лигата, а пред нив е само Голден Арт, кој има 21 бод.

Наредниот натпревар прилепчани го играат на гости во Струга веќе во сабота.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.