На 18. мај Прилеп ќе биде центар на велосипедизмот во Македонија! За прв пат ќе се одржи велосипедската трка “Трофеј Прилеп”

Во организација на Велосипедскиот клуб “ХЕРОЈ” од Прилеп и Велосипедската федерација на Македонија, на 18.05.2025г (сабота), со почеток од 12 часот, во градот под Марковите Кули ќе се одржи првата велосипедска трка насловена како “Трофеј Прилеп”.

Трката ќе започне од пред камената бина во центарот на градот, a настанот е поддржан од општина Прилеп и голем број општествено одговорни компании.

Рутата е следна:

Трката е кружна, а стартот е на булевар “Гоце Делчев” од пред споменикот Александар III Македонски во правец на кружен тек кај Основниот суд, каде што се врти лево по ул. “Димо Димоски – Наредникот”. Се продолжува до “Кеј 9-ти Септември”, каде се врти лево се до раскрсницата со ул. “Кузман Јосифоски”, каде повторно се врти лево. На кружниот тек пред домот на културата “Марко Цепенков” се врти десно по булевар “Гоце Делчев” се до кружен тек “Карпалак”, каде се врти 180 степени и се стигнува до целта, која е каде што е стартот. Должина на еден круг е 2.4 километри.

Kругови по категории:

У-13 – 5 круга или 12 километри
У-15 – 6 круга или 14.4 километри
Кадети – 8 круга – 19.2 километри
Јуниори – 15 круга – 36 километри
Жени – 15 круга – 36 километри
Мастерс – 15 круга – 36 километри
Сениори – 20 круга – 48 километри




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.