Нaвивачката група “Мајмуни” организира голема крводарителска акција

112121

Навивачката група “Мајмуни”  втора година по ред организира голема крводарителска акција која ќе помогне на оние на кои им е најпотребна.

Годинешната хуманост од Мајмуни ќе ја покажат на 10-ти октомври, пред празнувањето на Денот на народното востание на македонскиот народ, 11-ти Октомври.

“Горди сме што можеме да кажеме дека веќе втора година по ред организираме една акција која ќе помогне на оние на кои им е најпотребна. Горди сме и што голем дел од нашите членови учествуваат во истата, истовремено спасувајќи човечки животи. Бидете и вие горди што ќе помогнете некому со тоа што ќе донирате крв и ќе учествувате во крводарителската акција на Навивачкиот клуб „Мајмуни”. Во понеделник, 10.10.2016, во Центар за култура „Марко Цепенков” во Прилеп, со почеток во 09:00 часот, ги повикуваме нашите членови, но и сите граѓани на нашиот град да се вклучат во оваа акција и да донираат крв која може да спаси нечиј живот”, истакнаа од навивачката група.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.