На Фејсбук страната „Macedonian Human Rights Movement International“ се појави статус дека грчки нео-нацисти со блокади спречуваат Македонци во Егејска Македонија да одат на културен настан.
-Распоредена е полиција, и има опасност од инциденти. Настанот се организира во Домот на македонската култура на Егејска Македонија. Нацистите го блокираат патот од Лерин до Пателе, каде се одржува настанот. Нацистичката партија Златна Зора тврди дека извојувале “победа против Македонците”, стои во објавата на Фејсбук.