Португалскиот тренер Жозе Мурињо, кој во јули го презема италијанскиот прволигаш Рома, доби мурал во римската четврт Тестачио на кој е прикажан како во одело вози „веспа“.
Муралот е дело на Хари Греб, урбан сликар инспириран од истоимениот легендарен американски боксер од 20-те години на минатиот век.
Мурињо во вторникот потпиша тригодишен договор со Рома, која официјално ќе ја преземе на крајот од сезоната, а остана без ангажман минатиот месец по отказот што го доби во премиерлигашот Тотенхем.
Португалскиот тренер по пауза од 11 години се враќа во италијанската Серија А во која од 2008 до 2010 година седеше на клупата на Интер со кој освои две „скудета“, по еден Куп и Супер куп, како и трофејот во Лигата на шампиони.