Актерот Рубенс Муратовски во два твита ја сублимира комичноста во заканата до Иран од кандидатот за македонски амбасадор во НАТО, Дане Талески.
„Како ги грешиме знамињата на државите, нема да ме чуди Ирак да го бомбардираме наместо Иран“, твитна Муратовски.
„Баш гледам до каде ракетите на Иран можат да добацат… можда не требаше име да мењаме, туку местоположба“, се дополни актерот.
Како ги грешиме знамињата на државите, нема да ме чуди Ирак да го бомбардираме наместо Иран.
— Rubens Muratovski (@Rub_Mur) January 8, 2020