Талентираната девојка од Прилеп, Александра Трајческа, која е позната и како придружен вокал на бендот „Crossroad Blues Band“, но и како соло изведувач, има нова песна и видео спот.
Најновиот проект е насловен како “Те чекам”. Музиката, текстот и аранжманот на песната се оригинално дело на Горан Пајак Трифуновски – фронтмен на бендот “Пеперминт”, а спотот е резултат на тимска работа со одлични професионалнци и актери.
Иако има само 21 година, Александра зад себе има богато музичко резиме со неколку одлични песни и видео спотови, како и низа награди од домашни и меѓународни фестивали и музички талент шоуа.
Во видео спотот за “Те чекам” играат актерите: Томе Темелкоски, Петар Јошески, Матеја Грујоска, Андреа Микулек, Александар Ристески, Михаил Грашкоски, Андреј Димитровски, Ева Ѓуракова, Санела Шукриевска
Режијата е на Горан Пајак Трифуновски, камерата на Игор Ѓураковски, а монтажата на Аристид Филаков.
Props assistant: Марија Димкароска
Костимограф: Марија Пупучевска
Костими: Ангела Богеска
Шминка: Ирена Сенокозилоска
Спотот е снимен со поддршка од НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп. Уживајте во продолжение: