Тимот на “РЕСТОРАН ПОРТА” ви закажува ново викенд уживање со три добро проверени музички состави.
Во петок, 03.04. со почеток од 20:00 часот, ќе ве пречекаат со “ТАЈФАТА НА З’Ц”. Kвартетот од Штип како и секогаш ќе понуди музика за уживање за сите вистински гурмани и вљубеници во староградските звуци.
Во сабота, викендот продолжува со ДЕНСКА ЗАБАВА заедно со маестралните ТИАНА и ДАНИ, девојките за чиј секој настап се бара маса повеќе.
Вечерта во сабота (04.04.) сцената е резервирана за составот од Тиквешијата – “ТРИО МАЊИФИКО”.
Дојдете и уживајте и овој викенд во срцето на Старата прилепска чаршија, во ресторанот кој создава една поинаква гастрономска приказна во која секој има своја улога и остава свој белег.
Резервирајте навреме на 078 368 111. Тимот на Ресторан “ПОРТА” ве очекува! Да градиме спомени полни со љубов и уживање, затоа што еднаш се живее!


























