МПЦ: Шилегов слободно може да си го слави Божиќ на 25- ти декември

На Шилегов не му е јасно како е можно да има божиќен пост и да се слави Нова Година, со тоа вели се расипува празничната атмосфера.

Градскиот татко не отстапува од ставот дека големиот православен празник треба да се помести, тој е убеден и дека нема негативни реакции во јавноста и дека поголемиот дел од луѓето го делат неговото мислење.

„Знам дека 85 % од луѓето го мислат истото, мене ми е сеедно кога ќе се слави Божиќ, ама ако сакате да има празнична, новогодишна атмосфера, тогаш нека го преместат. Не ми е јасно како може да има божиќен пост, а да се слави Нова година“, изјави Шилегов.

Алфа ТВ побара став за ова од МПЦ-ОА. Портпаролот на Синодот, владиката Тимотеј нервозно му порача на градоначалникот да не се меша во црковните работи.

Ако сака нека си го слави тој на 25 декември. Радоста е на црквата и верниците, а не на политичарите – кусо порача портпаролот на МПЦ-ОА, г.Тимотеј.

Целиот прилог погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.