Протестите на граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија” продолжуваат и денеска ширум државата.
Вечерва со почеток од 19 часот пред хотел “Липа” во Прилеп, граѓанските здруженија најавуваат најмасовен протест против платформата од Тирана и протест за нови парламентарни избори.
Претставници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и просветни работници ќе го предводат најмасовниот марш за зачувување на унитарноста на државата во Прилеп.
Повеќе од еден месец прилепчани секојдневно излегуваат низ градските улици и го креваат гласот против промена на македонското знаме, химна, грб, против воведување на албанскиот јазик за втор службен јазик и прогласување на народноослободителната борба за геноцидна.
На вечерашниот собир, граѓаните ќе му порачаат на Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, кој денеска е во посета на Македонија, дека не се согласуваат со барањето на ЕУ Претседателот на државата да додели мандат за формирање на влада која ќе работи на спроведување на платформи од туѓи држави.