Цела Македонија е во исчекување на историскиот натпревар против Грузија, кој е одлучувачки за конечното пласирање на фудбалската репрезентација на Европското првенство.
Македонската фудбалска репрезентација е на само еден чекор до историски успех – пласирање на Европско првенство. По победата против Косово, следува уште финалето против Грузија и нашите фудбалери ќе бидат дел од фудбалската елита.
12. ноември 2020 година дефинитивно ќе биде најважниот датум во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал.
Од Фудбалската федерација објавија видео од дизајнот на дресот кој ќе го носи “Гранде Пандев” на големиот ден:
Подготовка на историскиот дрес во кој ќе настапат нашите репрезентативци на натпреварот против Грузија ????#СегаЕНашеВреме #МакедонијаНаЕвропско #НапредМакедонија pic.twitter.com/9PBf3uEZLs
— FFM (@ffmmkd) November 8, 2020