Со организирање на голем народен протест кој што ќе се случи на 2-ри Јуни (сабота) во 20 часот, пред Владата на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе испрати порака до актуелната власт дека и по помината една година доста е со неисполнети очекувања, нереализирани ветувања, комплетно разурната економија.
Од партијата ги повикуваат сите добронамерници сите оние обесправени, сите оние разочарани, сите оние излажани од страна на Зоран Заев и политичарите околу Заев, да им се придружат да застанат рамо до рамо со нив, во офанзива, во битка за пораз на како што велат ненародната Влада која што и се случува на Република Македонија.