Претседателот на најголемата политичка партија во Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ и носител на избирачката листа во изборната единица број 4 за престојните парламентарни избори на 11-ти декември, вчера беше во посета на Прилеп.
Груевски беше пречекан од стотици прилепчани кои гордо и достоинствено маршираа зад идниот Премиер на државата.
Тој промовираше неколку проекти кои се од витално значење за Прилеп и прилепчани, од изборната програма “Реално”, проекти кои со аплаузи и овации беа проследени од присутните на неколкуте настани кои ги посети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Прилеп ќе добие нов театар, што ќе претставува едно монументално дело со капацитет за 350 гости, што ќе биде од клучно значење за актерската група на народниот театар “Војдан Чернодрински”, која патем е една од најнаградуваните во државата.
Исто така ќе биде извршена темелна реконструкција на домот за култура “Марко Цепенков”.
Груевски најави и целосна реконструкција на спортскиот комплекс “Маркови Кули”, a на средбата со бизнис секторот ја најави и најголемата “бомба”, новата германска инвестиција која ќе значи вработување за 1000 луѓе, но исто така го најави и интересот на уште неколку компании кои се пред одлука да инвестираат со свои производствени капацитети во слободната индустриска зона во Прилеп.
Во продолжение погледнете го видеото од посетата на Груевски во Прилеп: