МОЌНО ВИДЕО ВО ПРЕСРЕТ НА УТРЕШНИОТ ПРОТЕСТ: Бојкотирам организира превоз од сите градови

Движењето “БОЈКОТИРАМ” под мотото “#Бојкотирам уставни промени со фингирано 2/3 мнозинство”, за утре организира голем народен протест пред Собранието на Република Македонија, со почеток од 18:00 часот.

Во прогласот на настанот се вели:

“Во согласност со ПРОГЛАСОТ на #Бојкотирам уставни промени се организира натпартиски и сенароден протест за да го спречиме генерацискиот грев и да ја зачуваме Република Македонија за идните поколенија.

#Бојкотирам уставни промени е народна побуна против легитимизација на историското предавство преку нелегално и фингирано 2/3 мнозинство за промена на уставот на Република Македонија, кое делува спротивно на вољата на народот изразена на референдумот на 30-ти Септември.

Бараме:
– Итно и безусловно запирање на процесот на Уставни промени.
– Еднострано правно поништување на октроираниот преспански договор кој беше јасно отфрлен од народот на референдум.
– Стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право.
– Трајна заштита на името на државата, Македонија.
– Распуштање на делегитимизираното собрание и распишување вонредни парламентарни избори”

Oва се локациите од каде ќе има обезбедено превоз за утрешниот протест:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.