На 26.12.2023 во 14.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, мотоцикл „хонда” со велешки регистарски ознаки, управуван од А.К.(38) од Прилеп, удрил во пешакот З.С.(45) од Прилеп.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Прилеп – информираат од ОВР Прилеп.