Додека не биде продолжена реализацијата на “Tурскио тек”, актуелен е балканскиот “Пат на свилата” во кој Кина вложува големи средства и кој економски ќе ги зајакни сите земји преку кои ќе поминува трасата наменета за трговска размена помеѓу Азија и Европа.
“Планирано е возовите да одат од Будимпешта преку Белград и Скопје до Пиреј во Грција. Кина така ќе им овозможи на балканските земји да го зачуваат својот суверенитет, но и да имаат алтернатива во Европската Унија.
Сето тоа ги загрижува Американците кои се плашат дека ќе го изгубат влијанието на Балканот, па ќе биде интересно да се следи ситуацијата во Македонија, која е многу важна точка во проектот балкански “Пат на свилата”, за кој САД сака да пропадни. Ако во Македонија избија хаос или хибридни судири, се е возможно”, вели Корибко.
“Русија и Кина заеднички работат, рака под рака на ослободување на Балканот од униполарните влијанија. Не смееме да заборавиме дека Кина е руски стратешки партнер број еден. Иако можеби руското влијание не е толку видливо во врска со проектите кои се реализираат, тоа е доста силно. Кина презеде водечка улога кога се работи за инфраструктурните проекти, кои Русија силно ги поддржува”, истакнал овој познат аналитичар.
A.Г.