Драган Шеќероски од Прилеп кој со семејството живее во странство БАРА ПОМОШ и ПРЕДУПРЕДУВА:
НЕКОЈ ЗЛОНАМЕРНО ГО АКТИВИРА ПРОФИЛОТ НА НА МОЈОТ ПОКОЕН ТАТКО Костадин Шеќероски!!!
Преку овој профил се испраќаат заканувачки и вознемирувачки пораки до фамилијата Шеќероски и до нивни пријатели.
Поради ова Драган Шеќероски ги предупредува членовите на неговата фамилија и нивните пријатели!!!
Истовремено бара помош и од полицијата да го открие човекот кој испраќа заканувачки пораки и кој ги вознемирува и семејството и фамилијата и пријателите!!!
–Почитувани Ве известуваме дека повторно некој,си игра со чувствата на нашата фамилија. Во последните недела дена повторно е активиран профилот на мојот ТАТКО, кој веќе е починат 5 години. На наши блиски пријатели роднини, па и мене, се испраќани пораки и понуди за пријателство, а кај поединци и со вознемирувачка содржина.
Ве замолуваме сите да го споделите овој мој пост и извршите блок на неговите профили, а доколку некој има шанса нека пријави слободно во полиција, доколку е возможно да конечно го откриеме сторителот.
Знаете сите дека ние сме надвор од Македонија, па за таа цел ве информираме и бараме помош од сите грѓани, пријатели, роднини, ако може да се спречи оваа појава и да ги оставиме починатите да почиваат во мир. Ви благодариме на разбирањето, фам Шеќероски – стои во објавата на Драган.