Младиот навивач на Сандерленд Бредли Лаури (5), кој е болен од рак, херојски се бори од ден за ден. Иако лекарите тврделе дека му останале само уште неколку денови од животот, тој не попушта во тешката борба. Имено, веќе еднаш го победил ракот, но за жал, болеста се вратила.
Откако даде гол за својот Сандерленд, тој добил илјадници честитки за Божиќ од сите краеви на светот. Го посетиле дури и играчите на омилениот клуб. Најголемата ѕвезда и еден од неговите идоли, Жермеин Дефо, повел неколку соиграчи во болницата каде се задржале цел ден.
Ф.Г.