Момироски оптимист – се’ ќе има во Прилеп, ама понатаму

Новинарот Зоран Момироски оптимистички гледа на реализацијата на ветувањата за развој на Прилеп во наредниот период. Во најновата колумна тој прави анализа на тековни и планирани инфраструктурни проекти. Прочитајте во продолжение:

“За да се поддотворат со години затворените врати за градба до самата постапка за изработка на нов урбанистчки план, на постојниот се работи на измена на текстот. Сето ова ќе овозможи граѓаните многу брзо да добиваат дозвола. А тоа ќе се случи многу брзо. Бидејќи објективно проблем има и самата општина особено со изградбата на улицата “Победа” и мостот што треба да ги поврзи двата дела од оваа сообраќајница.

Во рамките на овој проект застој нема. Ама има проблем иако оваа улица е планирана во урбанистичкиот план, некој наш сограѓанин си изградил дивоградба на самиот дел од оваа улица која започнува од влезот од Скопје кај АМД Прилепец, а завршува кај населбата “Типски куќи” и се поврзува со патот кон вештачкото езеро.

Овие измени на текстуалниот дел од постојниот урбанистички план се битни и за почеток со изградба на новата населба ,,Градина,, на дел од просторот на некогашните оранжерии на ЗИК Прилеп, како и за понудените три локации за изградба на маркет ,,Лидл,, , но и за два големи молови за кои има двајца сериозни инвеститори. Како проблем за веќе споменатите молови се споменува да заврши неопходната проценка на локацијата и металната кнструкција која се наоѓа во кругот од поранешната фабрика за челични конструкции Металец”.

Целата колумна прочитајте ја ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.