Момироски: “Комуналец” има обврски према добавувачи од 540.000 евра, а цените на услугите превисоки

Во најавата за најновата неделна колумна, каде ги отсликува сите минатонеделни општествено-политички случувања во Прилеп, новинарот Зоран Момироски пишува и за состојбата во која се наоѓаат прилепските јавни претпријатија, од кои се чини ЈКП Комуналец е во најтешка финансиска позиција.

-Додека во ЈКП Водовод и канализација новите пописни тимови бројат и пребројуваат, а ревизорите ќе си ја работат својата работа, во ЈКП Комуналец финансискиот извештај покажа дека 2025 година ја заврши со неплатени обврски спрема добавувачите од околу 540.000 евра. Дали ова претпријатие ќе се дели на ЈКП Паркови и зеленило и ЈКП Комунална хигиена?!

ЈП ПУП лани останало должник кон своите добавувачи околу 80.000 евра. Не се плаќани рати за автобусите на метан. Врботени тужат за остварување на своите права, а од вкупните приходи околу 61% се за плати и за придонеси за вработените. Дали е можна делба на ЈП Просторно и урбанистичко планирање и ЈП градски или меѓу општински соообраќај?!

Колумната на Момироски читајте ја секој петок ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.