Момироски: Имало наши и ваши при откупот на тутунот во Тутунски Kомбинат?

Постои ли делба на “наши и ваши” при откупот на тутунот во “Тутунскиот Комбинат” во Прилеп, прашува во најновата колумна новинарот Зоран Момироски.

-Откупот на тутунот е во полн ек. На откупните пунктови се работи турбо и според очекувањата секој одкупувач настојува да ги реализира своите планови, оти годинава тутун има многу помалку од предходните години. Во вакви прилики откуп има и во прилепскиот Тутунски Комбинат. Дневно таму се одкупувале од 600 до 800, а имало денови и до 1000 кутии. Или една кутија имала тежина од 15 до 17 килограми, по просечна одкупна цена прва класа 420 денари и втора класа од 360 денари. При откупот имало мој, твој и ничии. Наводно ако тутунот е од вработен или близок роднина на вработен во комбинатото, тогаш тутунот се откупува без да бидат одбивани губитоци. Ако тутунопроизводителот е од оние третите – ничии тогаш задолжително им се пресметувало 3 одсто губиток. За да немаат никакви лични проблеми за оваа така наречена финансиска манипулација засега никој од тутунарите не сака јавно да зборува. Туку само ,,тивко,, укажува со цел да се надмине неправдата. Поради тоа и во оваа колумна еве јавно ги прашувам надлежните од Тутунскиот Комбинат, дали знаат, дали има и дали ако има би ја спречиле оваа мошне непријатна појава која им боди очи и ги дели тутунопроизводителите?! – пишува новинарот.

Целата колумна прочитајте ја ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.