Момироски: “Дали ќе го стигнеме Кавадарци?”

Новинарот Зоран Момироски, во најновата петочна колумна за минатонеделните случувања во Прилеп, пишува и за впечатоците и очекувањата на граѓаните после првите 100 дена од мандатот на новиот градоначалник на општината.

Прочитајте во продолжение:

“Изминаа 100 дена откако новата локална власт во Прилеп започна со работа. Очекувањата беа големи, но според првичните реакции на граѓаните по социјалните мрежи и во комуникација тие полека се губат. Најстрашно ќе биде ако брзо и целосно се изгубат. А станува збор за мали нешта кои оставаат голем впечаток и белег од проблемите кои беше надвиснале во изминативе 8, а особено во последните 4 години.

Паркирањето на автомобилите по тротоарите, а во последно време и во Старата чаршија. Со малку желба овој проблем со паркирање на автомобили во пешачката зона од Старата чаршија може експресно брзо да се реши. Ама ако се сака. А не се’ да се чека само од полицијата.

Кадровските промени и во локалната самоуправа и во јавно комуналните претпријатија не се енигма за ,,повикај приател,,. Точно е дека треба да бидат усвоени предлозите за нови управни и надзорни одбори. Оти досега практично тие функционираат без овие органи за контрола на работата. Неопходна е честа и макотрпна комуникација со граѓаните, а не затвореност и бегање од граѓаните.

Со еден збор доста е сликање. Напротив слика и прилика на една локална власт е градот. Некои суптилно, други дирекно и гласно предупредуваат и чекаат во викенд да не одат за да го почуствуваат урбаниот градски мирис во Битола, туку да останат во Прилеп. И со тоа да се симне граѓанската и човечка дилемата дали по стапките од Муцето и Бокио ќе тргне и Декио?! И дали конечно градот ќе опстои на желбите барем да го стигне еве на пример Кавадарци. Дали ќе започне да функционира урбанизмот оти луѓе со години чекаат дозволи. Има многу дали, дали….?!?

Целата колумна на Момироски прочитајте ја ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.