Момироски: “Дали пратеникот Миле Талевски со службена кола од болница, го носат и враќаат од Скопје?”

Новинарот Зоран Момироски ја овјави својата 76-та по ред колумна од серијалот “Во Прилеп нема проблем, а се’ е проблем”, каде неминовно повторно спомена неколку двевно-политички “пикантерии”. Овојпат меѓу другите, на листата на актуелности се најде и пратеникот од СДСМ, Миле Талевски, за кого Момироски прашува, дали е вистина дека со службено возило и возач од прилепската болница патувал до Скопје?

-Во предизборен период нормално да се шират различни информации и дезинформации. За да бидат нештата по јасни, ако не пред јавноста, тогаш пред членството неки прашања треба да бидат и чесно одговорени. Прво дали е точно дека актуелниот пратеник на СДСМ од Прилеп, Миле Талески ,,Чвргата,, во овој предизборен период за да ги изврши своите службено пратенички обврски, користи службено возило со возач од прилепската болница, со кое го носеле од Прилеп до Скопје. Таму го чекал возач и кола и пак го враќал во Прилеп. Дали е точно дека ако загуби СДСМ во градов, а ќе загуби,по редот на нештата оставка од Претседател на ОО на СДСМ би требало да си поднеси Зоран Пачешкоски – Цакио, и на негово место наводно го токмеле еден од неговите најблиски соработници Христијан Пиличев-Пиличо?!? И дали е точно дека ако победи ВМРО-ДПМНЕ и формира влада, на голема врата како советник во болницата би се вратила неговата мајка Роза Пиличева, која по пензионирањето како медицинска сестра си формирала Здружение за дезинфекција и стерилизација?! – пишува новинарот Момироски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.