“Можен е датум за преговори годинава?”

Истокот не отпиша, Западот не сака да не запише.

Поминаа точно 13 години од оваа изјава на Хавиер Солана, но сеуште ни фали една “уплатница” за да започнеме преговори со Европската унија.

Секако, нема да се откажеме! Затоа што Европската унија е нашата единствена опција и немаме друга алтернатива. Како и да е, ова е долг период, па од тука и сомнежот дека повикот во авионот кој го доби екс премиерот додека се враќаше со владината делегација, веројатно не бил од висок претставник на Унијата, туку од “руските пранкери”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.