Можеби ги имате и во дворот: Намирница која чини 8.000 евра

beli-tartuf-1030x773

На пазарот за храна е една од најскапите, баш затоа што прави чуда за вашето здравје.

Станува збор за вид на печурка, која е позната како “дијамант во кулинарството” или бел тартуф. Нејзината вредност на пазарот достигнува меѓу 2.000 до 8.000 евра по килограм.

Многу луѓе не се запознати со фактот дека белите тартуфи може да се пронајдат и на нашата територија. Меѓутоа и покрај тоа, оваа работа е во почетна фаза на овие простори, па дури и не се зборува за неа.

Тешко се наоѓаат, бидеќи растат во шуми и никако не може вештачки да се одгледуваат. Покрај специфичните услови на растење, тартуфите имаат и единствена арома, која се добива со мешавина на дожд и недопрена земја, што дава посебен вкус на секое јадење.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.