Може ли Прилеп конечно да се надева на враќање на спортскиот храм – Универзалната сала?

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски денеска се сретна со претседателот на Светската ракометна федерација, Хасан Мустафа, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов и генералниот секретар на Ракометната федерација, Филип Милошевски.

-Разговори за унапредување на македонскиот спорт, инвестиции и визии за иднина, напиша Мицкоски по средбата, која ја оцени за срдечна.

За прилепчани формирањето на новото Министерство за спорт е надеж дека конечно храмот на спортот во Прилеп – Универзалната сала, ќе се стави во владение на општината.

Ова беше еден од напорите на локалните власти, но проблемот заглави во дневно-политичките случувања и препукувања, а ракометниот клуб Прилеп и останатите спортски клубови, своите натпревари се’ уште ги играат во училишни спортски сали.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.