На иницијатива на Локалната Самоуправа и во соработка со ООУ „Климент Охридски“, децата од паралелките со посебни потреби, денеска направија една кратка екскурзија, посетувајќи ги знаменитостите на градот и Могилата на непобедените. За нивната радост да биде уште поголема, прошетката ја направија со атрактивното туристичко вовче, а воедно ја посетија и рајската градина, каде покрај рајските птици, ламата, зајчињата и еленот, најмногу им се радуваа на пони кончињата.
Традиционално како и секоја година, нивни домаќин беше и градоначалникот Марјан Ристески кој ги поздрави дечињата и им подари пакетчиња со слатки производи. Локалната самоуправа редовно се грижи за потребите на овие дечиња, и за сите други, обезбедувајќи им подобри услови за следење на наставниот процес и редовно уредување на ова прекрасно катче на Могилата на непобедените, на кое најмногу му се радуваат најмалите генерации.