“Мовчето” од 600.000 евра (Фото)

Мостот, или “мовчето”, на Градската река во населбата “Сточен пазар” во Прилеп, е при крај.

За градоначалникот тоа е најубавиот мост, за опозицијата е криминален проект, а мислењето е подвоено и кај граѓаните.

Изградбата се одвиваше речиси година и пол со прекини, што претставуваше огромна главоболка за граѓаните и возачите на тешки товарни возила кои поминуваат низ овој дел на градот.

Првично беше планирано изградбата на мостот да чини околу 500.000 евра, а според последните податоци и потпишани анекс договори, изградбата скокна на 35 милиони денари, или околу 600.000 евра.

Колку ќе биде корисен за сообраќајот останува да видиме во иднина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.