“Мовчето денес “збувна” на 730.000 евра, ама пари за респиратори и чаршијата нема?”

Владеачкото мнозинство на СДСМ во Прилеп на денешната седница на Совет одби на дневен ред да се најдат мерките кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ – истакна Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески на денешната прес конференција.

“Предложивме:

✅ Намалување на данокот на имот за 2020г за 50% и данокот за наследство и подарок
✅ Целосно ослободување од плаќање на фирмарина за 2019г и 2020г
✅ Целосно ослободување од надомест за користење на јавен простор пред деловните објекти(вклучително и летни тераси) до крајот на 2020г
✅ Намалување на сметките за вода и комунални услуги за 50% за најпогодените физички и правни лица од мерките против корона ворусот во следните 6 месеци

Наместо тоа и за време на пандемија СДСМ Прилеп преку јавните претпријатија склучува договори за вработување.

ЈКП Водовод и канализација склучило договор за времени вработувања во вредност од 17.700.000 денари, или 287.805 евра

Исто така, наместо да се размислува за помош на граѓаните, власта на СДСМ во Прилеп си ги тера своите тендери и постапки, а таков пример е и изградбата на мовчето во населбата Сточен пазар чија првична вредност беше 500.000 евра.

Цели 10 месеци таму не се работи ништо, но сега во време на пандемија и вонредна состојба, општината склучи анекс договор во вредност од 230.000 евра”, истакна Ристески.

Неговата целосна изјава проследете ја во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.