Мобинг во прилепскиот завод и музеј? Овие методи се одлика на 16-ти век

Oтказот за Цветан Цветкоски, кој работел како возач во Прилепскиот завод и музеј, ги обедини вработените и Синдикатот за образование наука и култура.

Тие денеска пред оваа институција одржаа прес конференција на која за настанот ги информираа медиумите.

Цветкоски кој имал 18 години работен стаж во заводот и музеј, добил отказно решение откако бил 20 дена отсутен од работа поради тоа што бил заболен од Koвид-19.

Тој за тоа преку СМС порака го известил директорот Благоја Атанасоски, а од него добил одговор дека нема никаков проблем и дека е важно неговото и здравјето на неговото семејство.

Проблемите настанале кога Цветкоски се вратил на работа. Директорот Атанасоски тогаш формирал дисциплинска комисија и му било дадено отказно решение, а истото потоа било потврдено од според вработените не соодветен управен одбор.

Од 32 вработени над дваесетина тврдат дека се обиделе да го спасат нивниот колега, но и нарушениот углед на установата и да стават крај на мобингот со разговори во колективот.

– Нашиот колега, во периодот од 23.11.2020 година до 11.12.2020 година добил симптоми на Ковид-19 за што матичниот лекap му препишал соодветна терапиja бидејќи сите во семејството биле cycпектни, но без тecтирање поради зголемениот број на заболени и недоволен број на тecтови во тој период. За оваа состојба колегата го известил директорот Благоја Атанасоски преку СМС-порака, пракса што директорот ја вовел уште при првиот суспектен случај во институцијата. Директорот исто така по СМС -порака се согласил дека работникот ќе го води на годишен одмор, се додека има слободни денови. Набрзо по неговото враќање на работа, директорот формира Комисија за водење на дисциплинска постапка каде вработениот се товари дека не поднесол соодветно писмено барање за отсуство од работа за периодот во кој му било одобрено отсуството, иако колегата се обидел да поднесе такво барање, но не му било овозможено од страна на правната служба поради отсуство на одговорното лице. На нашиот колега му се нарушени правата од работен однос и е прекршена постапката за отказ – истакнува Александар Цветкоски, посочувајќи дека директорот не го почитувал Законот за работни односи, Законот за култура и Колективниот договор на институцијата и дека членовите на УО не ги исполнуваат законските критериуми да бидат членови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.