Во 17.50 часот пред влезот на гимназијата „Преродба“ во селото Житоше, прилепско, се одвивала вистинска драма кога во меѓусебна тепачка, 19-годишниот Д.И. од селото Сазждево со нож го прободел 18-годишниот Д.П.
Д.П. сам отишол во Клиничката болница Прилеп каде што му биле констатирани телесни повреди и по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување.
Насилникот е приведен во полициското одделение Ропотово и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.