Младо момче извлечено после 4 дена од под ypнатините: “Морав да си ја испијам сопствената ypина за да преживеам”

Tинејџер беше извлечен главно неповреден од под урнатините во турскиот град Газиантеп ранo утринава, по драматичното спасување иако шансите да се најдат преживеани четири дена по катастрофалниот земјотрес, се многу мали.

Пред зори спасувачите го извлекоа Аднан Мухамед Коркут од подрумот каде што беше заробен од потресот што го погоди понеделникот. 17-годишното момче се насмевна на толпата пријатели и роднини кои извикуваа „Аднан“, „Аднан“, плескајќи и плачејќи со солзи радосници додека го носеа и го ставаа на носилки.

„ Заробен 94 часа, но не и згмечен, тинејџерот рекол дека бил принуден да ја испие сопствената урина за да ја задоволи жедта.

„Можев да преживеам на тој начин“, рече тој.„Имам син исто како тебе“, му рекол спасувачот, откако го прегрнал топло.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.