Младите прилепски кошаркари, дебитираат утре против ЧАИР

Прилепскиот кошаркарски клуб МЕГА БАСКЕТ, кој и оваа сезона ќе се натпреварува во Втората кошаркарска лига на Македонија, формираше своја подружница која ќе го носи името КК МЕГА БАСКЕТ ЈУНИОР.

Идејата е овој нов клуб да служи за усовршување на младите категории, и истиот ќе се натпреварува во Третата лига при КФСМ. Со поддршка од три општествено одговорни компании од нашиот град, оваа идеја стана реалност, па младите кошаркари утре (недела) 27.10., со почеток од 18:30ч. во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, ќе стартуваат против Чаир.

Да ги поддржиме со полна трибина!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.