Младите надежи на Победа го подигнаа шампионскиот пехар – Титула освоена со импресивни 12 победи и 2 нерешени резултати

Денес на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев” во Прилеп беше доделен пехарот на шампионите во Младинската лига – фудбалерите на Победа.

Mладите црвено-бели титулата ја освоија на две кола пред крајот на првенството со вкупен скор од 12 победи и 2 нерешени резултати и гол разлика од која боли глава – 52:6.

На градски во Прилеп денеска титулата на победашите им ја доделија официјални лица од ФФМ, а присутни беа и фудбалерите од генерацијата 1984/85, кои пред 18 години – во сезоната 2003/2004, исто така ја освоија оваа титула.

На стадионот присутен беше и градоначалникот Борче Јовчески кој им честиташе на младите фудбалери за постигнатиот успех.

Пехарот беше доделен пред денешниот натпревар против Њу старс, кој црвено-белите го добија со 2:1. Со овој триумф Победа има 13 триумфи, а во последното коло, в недела, прилепчани ќе и’ гостуваат на Македонија ЃП во Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.