Младите боксери од “АС” – Прилеп брилијантни во третото коло од Бокс лигата на Македонија: Клубот сезонава атакува на првото место (ФОТО)

На 08.06.2019 во спотската сала “Боро Чурлевски” во Битола, се одржа 3-то коло на бокс лигата на Македонија, во организација на БК “Пелистер 2007” – Битола.

Боксерскиот клуб “АС” од Прилеп под водство на тренерот Ѓорѓи Чатлески и секундантот Никола Василески настапи со 4 боксери: Дамјан Талимче, Леонардо Ангелески, Ерѓун Бајрамоски и Мартин Алексоски.

По правилата на БФМ на ждрепкана право за настап имаа само Ерѓун Бајрамоски и Мартин Алексоски. Нашиот боксер Мартин Алексоски издвојува победа со технички нокаут во првата рунда против Ертан Али од БК “Тернипе” oд Скопје, а Ерѓун Бајрамоски со убедлива победа од 3:0 го победи Филип Момировски од БК “Алексо Огненовски” – Охрид.

“Ова е голем успех на нашиот клуб и го држиме второто место во младинската бокс лига на Македонија, пред нас е само “Шкендија Но Лимит”. Имаме уште 5 кола пред нас и се надеваме на прво место оваа година. Минататa година бевме на второто место после БК “Баргала” oд Штип”, истакна тренерот Ѓорѓи Чатлески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.