Младиот пијанист од Прилеп ќе ја покаже целата своја умешност: Во понеделник солистички концерт на Арсениј Ангелески

Во понеделник, трети сетпември од 20.00 часот во ликовниот салон на ЦК„Марко Цепенков“ прилепскиот млад надежен тален Арсениј Ангелески ќе одржи солистички рецитал на кој ќе се претстави со дела – бисери на светската пијанистичка литература

– Бах, Клементи, Менделсон, Шостаковиќ, Рахмањинов…

Ангелески е ученик во осмо одделение во ОМУ„Ордан Михајлоски – Оцка“ во класата по пијано на проф. Христина Никоска.

Исклучително талентиран млад пијанист е, зад кој стојат многубројни успешни награди, концерти и настапи не само во земјата, туку и во странство.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.