Мицкоски: Шокиран сум како се однесувал обвинител кога слушнал за акцијата со мазутот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска како одговор на новинарско прашање рече дека РКМ и Пуцко Петрол на Ратко Капушевски и Асмир Јахоски, уапсените во последната акција на Биротот за јавна безбедност, го загрозиле правото на живот на граѓаните со увезениот мазот со сомнително потекло во периодот од 2021 до 2023.

– Јас не би ги коментирал одлуките, но можам да кажам дека овие луѓе кои правеле стотици милиони евра бизнис се богателе на грбот на македонските граѓани со тоа што согорувале таков тип недозволиви материи и го уништувале единственото право на живот на сите граѓани

Јас тука немам што да додадам, секој што се огрешил пред законот ќе одговара. Мора еднаш за секогаш да владее правото и правната држава. Ги охрабрувам овие акции во насока на борба на организираниот криминал,рече Мицкоски.

Премиерот очекува бизнисмените да бидат обвинети, а за тоа што содржел самиот мазут додаде дека ќе покаже понатамошната истрага. Мицкоски меѓудругото рече дека е шокиран од соработката со обвинителот, без да каже дали тоа е Ислам Абази, кој е на чело на Обвинителството за организиран криминал и корупција, кој во јавноста е дискредитиран како куќен пријател на лидерот на ДУи, Али Ахмети. од таму произлегува сомнежот зошто на Капушевски му е одреден притвор, а на Јахоски само домашен притвор.

– За мене се алармантни информациите поврзани со прв човек на едно Обвинителство кога слушнал за акцијата. Шокиран сум како се однесувал и како продолжува да се однесува. Ако сакаат да бидат дворско-партиски забавувачи, местото им е во големите хациенди изградени во западна Македонија. Мислам дека многу скоро ќе се кае но тогаш ќе биде доцна,истакна Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.