Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју за телевизијата Клан Македонија, истакна дека третиот пакет мерки на Владата за помош на економијата не може да се испорача поради низа на причини. Она што е клучно според него е што во буџетот на Република Македонија нема доволно средства за исплата и помош на македонското стопанство. Покрај фактот што нема доволно средства тој потенцираше дека доколку се распишат избори, вонредните исплати ќе бидат незаконски.
-Еве да речеме дека на 30-ти мај завршува вонредната состојба и ние имаме избори во следните 60 дена, тоа значи околу 30 јули отприлика. Изборниот законик е јасен, ова се вонредни плаќања, члено 8А стапува на сила и тука никој нема дилема. Што значи дека секоја исплата вонредна која ќе се случи во рамките на тие 60 дена, пред денот на гласање, или во случајот распуштање на парламентот, што тогаш се бројат во нормални услови, сега ќе биде по завршување вонредната состојба. Самата уредба вели се суспендира членот 8А со завршување на вонредната состојба престануваат вонредените исплати. Не само што тие не можат ова да го испорачаат туку е и незаконски, вели Мицкоски.
Гарантирањето на долгот на приватните компании кон приватните банки, мерка која е дел од третиот пакет исто така е незаконска, додаде тој посочувајќи дека и самата министерка е свесна дека оваа мерка не е во согласност со законите.
-Ресорниот министер го добива ова прашање и го вели она ја што сега го велам „да свесна сум дека не може ова сега, но ќе направиме одредени закоснки измени“. Тие нудат нешто што не можат законски да го испорачаат, вели тој.