Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во друштво на Јохан Тарчуловски и Владимир Ѓорчев навиваа за Вардар на трибините во спортскиот центар “Јане Сандански”, во мега дуелот против Барселона.
“Со Вардар пораснавме, со Вардар ќе остареме. И во победи и порази, љубовта кон клубот останува.
Момци главата горе, ќе дојдат победи, за заедничка радост и заедничка гордост!
#СоСрцеЗаВардар #НапредВардар ??” – напиша Мицкоски на Фејсбук.
Вардар загуби само поради лошата игра во првото полувреме, па сега сега Барса се зацврсти на првото место на табелата.
-Заслужено победија, ние само им ја олеснивме работата. Ние правевме многу грешки на стартот и во првиот дел и тешко беше да се вратиме. Ова беше еден тежок натпревар, се надевам дуека успееме да ги поправиме грешките и на следниот натпревар да одиграме многу подобро – рече капитенот Стојанче Стоилов после натпреварот.