Мицкоски: Струјата реално ќе поскапи за 18%, ќе предложам на ИК да донесеме одлука за протести во повеќе градови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ во дневникот на Сител истакна дека струјата реално ќе поскапи 18%, а народот ќе гори се што може да најде за да се затопли оваа зима. Тој потенцираше дека токму поради душманското уривање на стандардот на власта ќе предложи на ИК на ВМРО-ДПМНЕ да се донесе одлука за протести во повеќе градови.

Мицкоски истакна дека со новиот тарифен модел граѓаните ќе бидат на два пати оштетени, еднаш директно преку плаќање на сметките и вториот пат преки буџетот, бидејќи повторно ќе треба помеѓу 150 и 200 милиони евра да има дотации од буџетот до ЕЛЕМ.

– Лиферуваат процент од 7,4 проценти и тоа е лага, подготвен сум со секого да го дебатирам тоа, процентот ќе биде помеѓу 17 и 18% и тоа ќе го почувствуваат граѓаните во сметките. Тоа го зборувам две години. Цената на струјата што ја плаќаат домаќинствата се формира по три основи, цената која се исплаќа кон ЕЛЕМ, потоа цената кон МЕПСО за пренос и пазар и цената до дистрибутерот, а тоа ЕВН. Сето ова зголемен се зголемува за маржата од 11,5%, реч Мицкоски.

Тој додаде дека за Електрани зголемувањето е 17%, а ЕВН 20,94%, со едноставна математика добивате зголемување од 17% до 18%.

Сите ќе го почувствуваат во зависност од периодот во годината, најмалку кога нема греење или ладење тоа отприлика пролет или делумно есен, но секогаш кога ќе бидат вклучени клима уредите или затоплувањето со помош на инвертери, тогаш цената може да биде и до 30-40% поголема. Тоа што треба да се спомене е да не зборуваат повеќе за екологија и чист воздух затоа што тие кои ќе почувствуваат сметка за 30-40% поголема ќе бараат алтернативен начин и ќе горат се што ќе најдат за да се стоплат. Овој начин како што го помина РКЕ ќе значи во зимно горење на се, само за да се затоплиме, изјави Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека власта требаше да работи и да произведува наместо да краде.

– Тие беа ориентирани на тендери во 4 очи. И бидејќи не произведуваат мора да увезуваат скапа електрична енергија. За тоа да не го прави ЕВН таа состојба ќе ја прави ЕСМ и затоа нудат количина што не можат да произведат затоа велат дека ќе се стимулира преку буџетот, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека за ситната и средната индустрија шокот ќе биде до 300% и повеќе и тогаш ќе се затвораат бизнис и луѓе ќе остануваат без работа и затоа поради тоа и лошиот стандард ќе повика граѓаните да излезат на протести.
– Утре имаме Извршен Комитет на партијата и сакам да побарам да ги повикаме граѓаните да излезат на масовни протести низ повеќе градови, затоа што ова е неодржливо, изјави Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.