Мицкоски: Срамота е да бидеме робови во сопствената држава

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со партиска делегација од пет члена оддадоа почит на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Со нив на Кале пристигнаа и стотици поддржувачи и симпатизери на партијата со транспаренти кои останаа зад полицискиот кордон.

Мицкоски изјави дека е срамота ова што денеска се случува со толкаво полициско обезбедување да не можат граѓаните слободно да оддадат почит на еден великан како Гоце Делчев.

„ Срамота е ова денеска што ни се случува, да бидеме робови во својата држава, да бидеме заробеници кои ги држат во кафези, и кои што не можат во 21 век во слободна Европа да оддат почит на великанот, на човекот кој што Титан за македонската држава“ изјави тој.

Според него ова што денеска се случува е примитивна естрадна политика. Тој вели дека се почусвтвувал разочаран додека чекорел низ две барикади поставени на контролен пункт под Калето до црквата.

„Ние да се зближуваме, наместо да се зголемува нашето пријателство ние денеска за жал сме подалечни од кога било во нашата историја. Пред 68 месеци кога дојдоа на власт тие ветуваат живот, дека ќе ја однесат во Европа, а ние денеска во однос на корупцијата сме рамо до рамо со Тунис и Индија а во сите останати параметри сме последни на Балканот, и за жал никогаш подалечни од нашите соседи. Денеска има безбедносни мерки од прв степен, хеликоптери надлетуваа како во воените времиња, “изјави Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.