Спортистите и спортските работници синоќа во емисијата “Топ Тема” на ТВ “Телма” имаа прилика да слушнат една одлична вест.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека 1 денар од најновото покачување на акцизата за горивата ќе оди директно за спортот во Македонија.
„Од акцизата за нафтени деривати која е зголемена за 3,5 денари ние ќе одвоиме еден денар за спортот, спортските федерации и клубови, а останатите 2,5 денари ќе укинеме. Секојдневно сме сведоци на проблемите со кои се соочуваат спортските клубови. Вчера бев сведок на еден немил настан со клубогт од мојата младост. Исклучена била струјата на академијата во клубот. На спортот му треба помош а тој денар е едно од решенијата“, најави Мицковски.
Според пресметките еден денар од акцизите на нафтата се околу 16 до 17.000.000 евра!
Покрај останатите теми Мицковски и водителот Атанас Кировски, се заложија за заштита и на домашните медиуми кои долги години се жртви на странските компании кои ги имаат ТВ правата за нашите клубови и национални селекции.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ најави дека со заштитата на домашнитте ТВ компании ќе се заштити и нашиот македонски јазик. Оваа кампања е актуелна со години и години но никој до сега не најде спасително решение. Да гледаме наша национална селекција или клуб со српски коментатори. Тоа го има само тука кај нас во Македонија.
“Спортот го обединува народот. Победите на репрезентациите ја радуваат нацијата“, беше заклучокот на крајот од Христијан Мицковски.