Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за порталот Press24 порачува дека откако владата удри по пазарџиите, следни на удар се пензионерите на кои ќе им се скрати законското зголемување на пензиите.
Press24: Владата се пофали со проекти од 4.2 милијарда евра инвестиции за транспортна инфрструктура. Велат дека брзо ќе почне да се гради и Чебрен и Галиште. Што се вашите видувања за ова?
Мицкоски: Ајде да одиме по ред. Прво планот кој го соопштија од 4.2 миијарди евра за инвестиции во транспортна инфраструктура, ќе кажам дека е инзворедно неразвоен и манипулативен. Затоа што треба да се искрени и погласно да кажат дека тој е до 2030 година. Односно сега па за 12 полни години, каде во меѓувреме ќе се потрошат буџети од најмалку 40 милијарди евра. А они се фалат со 4.2 милијарди кои нема ни да бидат во состојба да ги реализираат. Па навистина ги потценуваат граѓаните фалејќи се со нешто што треба да се заврши за 12 години од сега, во ситуација кога нам ни треба рапиден раст. Второ што се однесува до Чебрен и Галиште, навистина незнам што му пренесуваат на Заев неговите советници, или тој навистина им верува. Единствено нешто што имаат во раце е студија започната од минатата влада. Па се да се одвива по ултра брзо темпо, какво што до сега не сме виделе, првиот камен темелник на овој проект би бил од сега па за три години. Што значи дека станува збор за уште една лага. Трето гледам дека се фалат со гасификација. Вистината е дека тие ја успорија гасификацијата. Пракитчно примарната мрежа се гради со минимални капацитети и вака како што тргнало гас граѓаните од цела Македонија може да очекуваат по дури речиси една деценија. Друга загрижувачка работа што се одвива е тоа што има најави дека и она законско усогласување на пензиите кои се одвива секоја година, а со која тие растат по одреден процент, тој процент дополнително да се намали. Односно слушаме дека Владата ќе го крати. Значи наместо владата да им додаде, таа ќе крати од пензиите на пензионерите. Ние сме држава каде половина милион живее во сиромаштија. Поразителен факт. Губењето на државата и сиромаштијата може да се стопира само со смена на власта.
Press24: Пазарџиите излегоа на улица, можно ли е пошироко граѓанско незадоволство?
Мицкоски: Владата ги зголеми даноците. Значи се осиромашува народот. Сега трга по работливиот и чесен народ кој со судна мака се бори за својата егзистенција. Неправеден закон за пазарџиите и тие ја имаат мојата целосна поддршка. Апелирам владата да се откаже од она што го направи како законска измена, ако не го направат тоа, можам да ветам дека ние тоаќе го направиме по промена на власта. Имам целосно разбирање за тие луѓе како и за излјадници други кои се обесправени. Да не ги заборавиме избрканите од Југохром, стрдалниците од Еурокомпозит, од Колска, од Охис и многу други. На оваа влада ќе и се случи социјален бунт.