Мицкоски: Работиме на мега инвестиција во инфраструктурата и здравството од неколку милијарди евра

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавениот инфраструктурен бум и дали Владата, освен патиштата и пругите што се градат, планира нешто ново, информираше дека очекува многу добри вести за македонските граѓани, во текот на месец, април и мај. Станува збор рече тој, за еден меѓувладин договор, којшто би ги потпишале со многу моќна европска земја, којшто се мери во милијарди, а ќе биде наменет за проекти, во инфраструктурата и во здравството.

„Очекувам, добри вести за македонските граѓани, во текот на месец април и мај. Очекувам, многу добри вести на еден би рекол меѓувладин договор којшто би го потпишале, со многу моќна европска земја. Којшто ќе се мери во милијарди. Не во милиони, во милијарди, за проекти коишто се во инфраструктурата и во здравството, сега засега но, може тоа портфолио, и да биде зголемено. Но, очекувам ваков меѓувладин договор, ќе повторам со многу моќна европска земја, кој што ќе значи повеќе од 10% од бруто-домашниот производ.“, објасни премиерот.

Точно за кои проекти станува збор, премиерот Мицкоски рече дека прво да завршат преговорите по што, јавноста многу скоро ќе биде информирана.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.