За автори на новиот закон за јавно обвинителство, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ги предложи: Владо Камбовски, Гордана Силјановска, Никола Тупанчевски, Гордан Калајџиев, Тања Каракамишева и Гордана Лажетиќ. Тој на прес конференцијата рече дека не е против закон за Јавно обвинителство, туку е против актуелниот предлог-закон, за кој е партиски закон на СДСМ.
Шестемината се професори по уставно и по казнено право и нивниот предлог на закон , според Мицкоски, неговата партија безрезервно и без двоумење ќе го прифати.
Прес-конференцијата на Мицкоски се одржа еден ден откако лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека Собранието нема да се распушти на 12 февруари, ако дотогаш не биде усвоен Законот за Јавно обвинителство.