Мицкоски: Потребно е воведување на построг полициски час, најмалку од 18 часот!

Потребно е воведување на построг полициски час, најмалку од 18 часот. Ова барање го посочува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето отворено писмо до јавноста.

-Потребно е воведување на построг полициски час, најмалку од 18 часот за да има суштина со него и се направи ред, час поскоро. Мора за миг да се испразнат улиците за да се скенира состојбата. Мора да се има протокол на правење на тестови за сомнителни од корона вирусот и тие да бидат целосно бесплатни во државното и приватното здравство. Да се удвојат капацитетите за проверка. Сега владее потполн хаос каде граѓаните велат дека приватните тестови имаат поголема веродостојност затоа што државните институции ги кријат заболените. Затоа треба да се делува во отстранување на тие сомнеж. Морам да признам дека сум сериозно загрижен и за економската рецесија која ни престои. Државата оди по самиот раб. Илјадници луѓе престануваат да одат на работата, а штетите се поголеми од ноншалантниот однос на владата. Оние мерки кои ги соопшти Заев се далеку од доволни, порача тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.