Мицкоски: Постои сериозна опасност дали СДСМ ќе продолжи да постои по локалните избори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека не гледа конструктивност од страна на опозициската СДСМ во однос на процесот на евроинтеграции на земјава и нагласи дека поради едноцифрениот рејтинг, кој сега го има партијата, има сериозна опасност дали таа таа ќе продолжи да постои по локалните избори.

-Гледате дека градиме, се бориме низ цел свет, а тој (Венко Филипче) со една изјава вика јас се прифаќам, се што ќе ми ставите на маса дајте да потпишам, само вратете ме на власт да бидам премиер, тоа не е конструктивност, тоа е рушење и затоа имаат едноцифрен рејтинг и мислам дека по локалните избори постои серозна опасност дали таа политичка партија ќе продолжи да постои, изјави Мицкоски, кој присуствуваше на отворање на комплексот „Македонско село“, одговарајќи на новинарско прашање дали смета дека СДСМ и Филипче се конструктурни во однос на евроинтегративниот процес.

Во врска изјавите дека Филипче по примерот на Зоран Заев, кодоши и ги поткопува државните интереси, Мицкоски истакна дека смета оти не треба подетално да навлегува во анализа каде го забележува предавничкиот, поданички и кодошки однос.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека еден од најголемите проблеми е сместувањето и капац

-Мислам дека јавноста тоа го гледа јасно, не би одел чекор повеќе, тоа е позната стратегегија на СДСМ, тие мислат дека на таков начин повторно ќе добијат шанса да ја водат владата, но мислам дека прават стратешка погрешна комуникација, но тоа е нивна работа, нема да навлегувам во сето тоа, а што се однесува до неговите изјави за автократија во политката кога испраќате порака, ако таа порака не ја чувствуваат мнозинството граѓани тогаш таа порака за бадијала ја испраќате…Јас досега такво нешто немам ниту слушнато, ниту почувствувано, ниту имам намера така да се однесувам, нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека кога се испраќаат стратешки зборови со клучни пораки, тоа треба да е барем во рамките на тоа што народот го чувствува, затоа што, како што рече, „вака излегува дека вие се служите само со политички ќорци“.

Во врска со обвинувањата на СДСМ за селективност во истрагата за пожарот во Кочани, како и за објавите на опозициската партија во врска со фирмата „Салтировски Консалтинг“ Мицкоски истакна дека тој ја разбира стратегијата на СДСМ и обидот преку некрофилија да добие политички поени.

-Што се однесува до суштината на истрагата не би коментирал, сега веќе има обвинеија, тоа е во рами на Јавното обвинителство, Владата, ниту кој било дел од неа не е поврзан со истрагата, која ја води Љупчо Коцевски, јавен обвинител кој со огромно мнозинство го избраа СДСМ и ДУИ, во тимот се и обвинители, кои во минатото не е тајна дека беа поддржани од СДСМ и ДУИ. Тука СДСМ повторно на некрофилски начин ја злоупотребува трагедијата и загубите на луѓето. Мислат дека така ќе профитираат, но мислам дека се лажат. Што се однесува до политичката кампања околу донациите тоа може да биде само уште еден доказ повеќе дека нема селективност, за разлика од случајот со Модуларната болница, Ласкарци, Беса транс, кога до ден денес имаме привилегирани директни или индиректни актери во тој случај и јас навистина го повикувам Јавното обвинителство ревосно да се позанимава и со овие случаи, тие така рекоа, но како да ги подзаборавија, истакна Мицксоки.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.